
Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува и во Велес, и тоа:
12 август – Велес, Парк пред Општина Велес
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.