
Задоволство ни е да споделиме дека во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении!
Во пресрет на 8 Септември, кој оваа година во себе носи јубилеј на 35 години независност, ќе се организира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови, а како кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.
Се гледаме во недела во Охрид, на емотивен и спектакуларен начин заедно да го започнеме славењето со овој перформанс!