
Дознајте повеќе за програмата и настаните по повод 35 години независност на Македонија. Во продолжение ги споделуваме одговорите на најчестите прашања поврзани со програмата, нејзиното времетраење и настаните што се дел од неа.
„35 години независност на Македонија“ е голема програма со низа музички и културни настани, создадена по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Програмата започнува на 2 август – Илинден, а ќе трае до 8 септември – Денот на независноста.
Засега се најавени Steve Aoki, José Carreras & Macedonian All-Stars и David Guetta со MONOLITH Tour, а наскоро следуваат уште многу нови најави.
Низ цела Македонија! Настаните во рамки на програмата ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата, а сите локации и датуми ќе бидат објавени дополнително.